Ракометните репрезентативки на Норвешка на песок не сакаат повеќе да носат бикини, туку кус шорц, а заради ова им се заканува казна. Токму заради ова барање на Норвежанките настана голем проблем на Европското првенство на пескок кое се одржува во Варна – Бугарија. За проблемот да биде поголем Меѓународна ракометна федерација (ИХФ) го одби барањето на Норвежанките, со образложение дека правилата се еднакви за сите и дека и тие ќе мора да играат во бикини.

Казната за прекршување на ова правило би можела да биде и педесет евра по ракометарка. Од Ракометната федерација на Норвешка, соопштија дека се подготвени да ја платат казната, бидејќи најважно им е нивните ракометарки да се чивстуваат убаво во опремата што ќе ја носат на натпреварите.

Норвежанките носеа шорц во мечот за борнзениот медал против Шпанија, а се уште не е одлучено дали ќе бидат казнети, бидејќи ИХФ е свесна каков хаос би можел да настане поради тоа.

За разлика од ракометот во одбојакта настана проблем само затоа што на првенството во Катар, на Германките Карла Боргер и Јулија Суде не им беше дозволено да играат во бикини, нидејќи во оваа земја не е дозволена голотија на жените