Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, со последните два натпревари во дресот на Нант ја заврши кариерата. Еден од најдобрите играчи на сите времиња му кажа збогум на спортот со кој испиша историја и на клупско и на репрезентативнониво.

Во разговор за шпанскиот „Мундо Депортиво“, Кире зборуваше и за обидите на Хрватска и Унгарија да го ангажираат за нивните репрезентации. На тие барање тој секогаш давал негативни одговори и никогаш не сакал да го направи тоа „предавство“ кон македонската нација.

-Тоа беа понуди кои не ги чувствував на вистински начин и не бев мотивиран. Сигурно дека со тие репрезентации ќе освоев и медали. Но, тоа ќе беше предавство за мојата земја и поради тоа никогаш не прифатив, изјави Лазаров.

Македонскиот „бомбардер“ заминува како најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите и со многу други голгетерски рекорди со кои ја одбележа богатата кариера.