Одбележување на „Светскиот ден на вранецот 2019“

181

Здружението „Вина од Македонија“ (Wines of Macedonia) утре во хотелот DoubleTree by Hilton го организира „Светскиот ден на вранецот 2019“ (Vranec World Day 2019), настан кој е од исклучителна важност за винската индустрија во земјата.

Вранецот е најзначајната и најпрепознатливата винска сорта во Македонија и оваа манифестација има за цел да ја постави на исто рамниште со останатите денови кога се слават интернационалните сорти ширум светот.

На свеченото отворање на настанот ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев; министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Трајан Димковски; г-ѓа Сибил Сутер Тејада, амбасадор на Швајцарија во Република Северна Македонија и г. Светозар Јаневски, претседател на здружението „Вина од Македонија“.

На настанот ќе бидат присутни интернационални експерти за вино, регионални гости и медиуми, дипломатски претставници, производители на вина од сортата вранец од земјава и регионот, како и домашни љубители на вино.