Одбележан празникот Св. Пантелејмов во Средно Нерези

156

Денеска во Средно Нерези традиционално беше одбележан празникот Св.Пантелејмон.

По тој повод членовите од Советот на Општина Карпош и преставници од локалната самоуправа го посетија храмот „Св.Пантелејмон“, при што се сретнаа со присутните граѓани.

Во оваа пригода, тие си го честитаа денешниот празник, посакувајќи си добро здравје, среќа и благосостојба.