Големото ѕвонче заѕвони денеска наутро во Хирошима на 75-годишнината од првиот напад на атомска бомба во историјата, на почетокот на комеморативната церемонија од која градоначалникот ги повика сите земји да го отфрлат себичниот национализам и да се обединат во борбата против сите закани.

Поради анти-епидемиски мерки, влегувањето во Меморијалниот парк за мир за комеморативната церемонија годинава беше ограничено на преживеаните и нивните семејства.

Со оглед на значењето на 75-годишнината од бомбардирањето, во кое загинаа 140.000 луѓе, и покрај епидемијата „ковид-19“, градските власти, со строги мерки на претпазливост, сепак одлучија да одржат комеморација.

„ На 6 август 1945 година, атомска бомба го уништи нашиот град. Тогаш беше речено дека ништо нема да порасне тука во наредните 75 години, а сепак Хирошима се опорави и стана симбол на мирот “, рече градоначалникот Казуми Матсуи