Одбележани пет години од основањето на партијата Движење Беса

97

Партијата Движење Беса вечерва во Тетово одбележа пет години основањето. Пред присутните на прославата партискиот претседател Билал Касами истакна дека Беса се родила како партија во Северна Македонија како револт на млади интелектуаци во најделикатен момент за нив кога тогашната диктатура била поддржана од други Албанци.

Беса се создаде во Македонија за да не ни се прави дискриминација. Се роди тогаш сите мислеа дека Албанците во Македонија ќе се предадат. Тогаш се појави надеж за Албанците. Изминатиов период успеавме да организираме два масовни протести во Скопје и да им покажеме дека Скопје може да дише во црвено-црно и да биде главен град на албанството. На изборите во 2017 изборивме пет пратенички места и 60 илјади гласа и сериозно да се заканиме на ВМРО и ДУИ, тие беа гласови на револт и дигнитет на Албанците, рече Касами.

Иако не е во Владата, Беса е силен политички фактор, рече партискиот лидер.

-Тогаш ние рековме не и не влеговме во Владата и рековме дека ќе ги чуваме интересите на Албанците во Македонија. Тогаш сите мислеа дека Беса ќе се распадне ама ние сме тука и со дигнитет. Иако не сме во Владата сме важен фактор кој го поддржува Евроатлантскиот пат на Македонија. Самиот Заев изјавил дека повеќе му помогнале албанските опозициони партии отколку тие што го „јадат од колачот” во Владата, рече Касами.

Во иднина Касами смета дека партијата ќе биде дел од извршната власт.

Не сакаме да сме втора или трета партија. Сакаме да сме победници и кога ќе влеземе во Владата државата ќе биде на Ваша услуга. Ќе бараме албанската дијаспора да биде на исто ниво со таа на Македонците, рече Касами.