Одбележана 147-годишнината од раѓањето на Јане Сандански

92

По повод 147-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански, делегација на Општина Аеродром денеска положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански“.

Како што соопштија од Општина Аеродром, на одбележувањето присуствуваа и претставници од Советот на Општината, од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност – Аеродром“.

-Идеалите и заложбите на големиот македонски визионер се заедничка обврска за единство и сплотеност на сите наши граѓани, се истакнува во соопштението на општината.