Ода за моќта на љубовта: Балетот “Лебедово езеро“ во НОБ

101

Балетската класика „Лебедово езеро“ од Чајковски на 28 февруари, со почеток во 20 часот ќе биде изведена во Националната опера и балет.

“Ова универзално и волшебно ремек-дело е ода за моќта на љубовта! Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.

Во главните улоги настапуваат Марија Кичевска Шокаровска како (Одета / Одилија), Васил Чичијашвили (Грузија) како (Принцот Зигфрид), во улогата на Ротбарт е Балаж Лашеи (Унгарија), а Па де троа: Саша Евтимова, Игор Веланоски, Христина Наќевска.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, а диригент е Бисера Чадловска.