Премиерот Зоран Заев денеска за ТВ21 истакна дека со министерот за здравство Венко Филипче и министерот за надворешни работи Бујар Османи се веќе пред Софија.
Премиерот вели дека се работи за страшна трагедија, а македонскиот автобус се враќал од Истанбул.
„Се случи страшна трагедија на автопатот Струма према Благоевград. Македонски автобус се враќал од Истанбул, Турција – од екскурзија. Трагедијата е на раскрсницата према едно помало место каде што од 53 патници во автобусот 46 се погинати на лице место, а 7 се во болница во Софија. Јас, министерот за здравство, министерот за надворешни работи сме веќе пред Софија, да ги посетиме болните и да дознаеме повеќе за несреќата. Жално е што помали од 18 години се 12 деца а и другите млади, страшна трагедија, огромна трагедија, сочувство за семејствата. Знаеме уште кои се граѓаните, ни потврдија дека се наши граѓани, ни потврдија дека се во добра состојба 7-те души кои се во болница и затоа идеме таму да се информираме за сите детали“, вели Заев во изјава за ТВ21.