Огромен пожар кај Петровец/Видео

227

Огромна огнена стихија се шири кај Петровец, поради неконтролираното палење на стрништа и сува трева. Како што објави на својот Фејсбук профил новинарот Огнен Јанески забележливо е дека гори оган и има густ чад.

Јанески во видеото соопшти дека од Противпожарната единица за ТВ24 рекле дека пожарите не се опасни бидејќи горела сува трска.

Сепак новинарот со право посочи дека загадувањето што ќе се пренесе во воздухот од ваквите палења е ужасно и големо.