Ограничен пристапот на возила за дотур на стока

144

Од утре, јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ го ограничува пристапот на возилата за дотур на стока на затвореното паркиралиште „Дом на градежници“.

Од 5 до 7 часот наутро, возилата за дотур на роба ќе имаат бесплатен пристап на паркиралиштето, а по 7 часот ќе ја плаќаат новата редовна цена за паркинг која изнесува 250 денари за еден час.

-Ги замолуваме сопствениците на маркетите и локалите да ја почитуваат оваа мерка со цел да се овозможи нормален тек на сообраќајот на ова паркиралиште, односно нормално движење на Брзата помош, противпожарните возила и возилата на жителите, апелираат општинските власти.