Дали активирањето на огнената група ќе го чини Али Ахмети политичка пензија, со оглед на фактот што фракцијата е на иста линија со албанската опозиција, засега е неизвесно. Неистомислениците во ДУИ и сега го нишаат кревкото парламентарно мнозинство, но вистински изненадувања се очекуваат на парламентарните избори, особено што поддржувачите на огнените чинат речиси 30% од гласачкото тело на ДУИ.

Градоначалниците на Сарај и Чаир, Блерим Беџети и Висар Ганиу се дел од членовите на партиските органи на ДУИ кои од викендов веќе не се дел од партиското раководство по состанокот на Централното претседателство на ДУИ. Покрај нив, столче во Мала Речица нема да има ни за пратеникот Изет Меџити, поранешниот гостиварски градоначалник Невзат Бејта и Саранда Имери која ја извршуваше партиската функција- секретар за родова рамноправност.

Извори од фракционерите за весникот ВЕЧЕР откриваат дека за евентуална соработка разговараат со претставници од БЕСА, но и со Алтернатива. Ваквата математика може да нанесе сериозен удар за бројот на пратеници што би ги освоил ДУИ на парламентарните избори, без оглед кога и да се случат.


Од ДУИ викенодв преку соопштение информираа дека неистомислениците веќе не се дел раководството на партијата.

„ДУИ изразува и длабоко жалење за одлуката на петмина членови на претседателството да се повлечат од централното претседателство.“ – стои во соопштението од ДУИ.

За „огнените„ ваквото соопштение е лицемерно, бидејќи тие уште пред еден месец ја известиле јавноста дека настапувата како фракција во рамките на ДУИ. На сопратијците им порача дека ако имаат храброст да ги исклучат.

„Не се „самоисклучивме“, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата со партискиот статут. На бевме поканети на состанокот како членови на Претседателството, што претставува повреда на статутот и законските обврски на органите на партијата. Ваквото раководење со партиското тело е самоволно и недемократско. Членовите на Претседателството ги избира Генералниот Совет и само тој може да ги разрешува истите, според законски процедури. Бараме да престане манипулирањето на јавноста преку зборови, сериозно да се внимава на внатрепартиските несогласувања, како резултат на сквернавењето на демократијата, меритократијата и партискиот статут“, се вели во соопштението на „огнените“.

Во истовреме, доскорешните сопрартијци освен што не се согласуваат со партиските политики, се раскараа за проектите- кој чија идеја бил. Градоначаникот на Општина Сарај и член на „огнената“ фракција во ДУИ, Блерим Беџети, вели дека поликлиниката во Сарај беше главен дел од неговата програгама и дека е „мизерија“ тоа што Артан Груби и дел од врвот на ДУИ кои немаат допирна точка со проектот, се фалат како да е нивна зааслуга новиот објект и околниот простор на поликлиниката.

„Навистина е жално да се види како некој со ентузијазам промовира проект без да понудил каков било придонес за него. Поликлиниката во Сарај беше очајна потреба на жителите на Општината и тоа беше едно од нашите главни ветувања на локалните избори во 2017 година и на оние од 2021 година, тоа беше приоритетен проект во мојата предизборна програма, проект кој денес го промовираат, а во минатото ми го саботираа, спротивставувајќи се на мојата кандидатура. По мојот избор за градоначалник, заедно со општинската администрација се обврзавме да го ревитализираме проектот на поликлиниката и во соработка со сите институции, интензивно работевме на завршување на најважната фаза, за конечно, по сите одложувања и уназадувања, да започнат градежните работи и овој проект да стане реалност“, вели градоначалникот Беџети во пораката за јавноста упатена преку неговиот фејсбук профил.

Изет Меџити, кој заедно со Беџети и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, се носечкиот скопски столб на тн „огнена група„, потенцираат дека не се самоисклучиле и оти остануваат во ДУИ како фракција и ќе се борат за демократски вреднисти.
Тој уште забележува дека лидерот на ДУИ Али Ахмети паднал на многу ниско ниво кога може, како што рече, да трпи ултиматуми од како што рече, „еден Стојанче Ангелов“ и неговото Достоинство кое нема ниту еден пратеник во врска со права на македонски бранители, само заради СДСМ.

„Сè ова говори дека ДУИ е заробена од диво месо и платеници, узурпатори кои се таму за интереси и функции“, вели Меџити за Алсат.

Огнената група месеци наназад повикува на смена во раковоството на ДУИ. Сметаат дека нивните министри во актуелниот владин состав потфрлил и оти треба да се смени со свеж кадар. Најголемите критики за актуелните состојби во партијата ги упатуваат на адресата на Артан Груби и Бујар Османи, кои пак имаат голема поддршка од претседателот на партијата Али Ахмети.   (Ј.Ц.Г.)