Овчеполските ниви без вода, на сезонците нема кој да им го продолжи договорот за работа

252

Овчеполските ниви ќе немаат вода, бидејќи на сезонските работници нема кој да им го продолжи договорот за работа. Станува збор за 20 работници кои го одржуваат системот од Злетовица до Каратманово и на кои договорите за работа веќе им се истечени.
Луѓето кои се моментално на работа договорот им заврши на 31 мај годинава и немаат никаков договор за понатамошно работење, ниту пак се известени дали ќе продолжат понатаму со работа, изјави Владо Ивановски, од РЕ Водостопанство „Овле Поле“, Св. Николе.
Поради тоа на земјоделците од Овче Поле нема кој да им ја пушти водата.