Овие хороскопски знаци најмногу патат во љубовта

123

Љубовта е прекрасно доживување, но кога е еднострана знае да биде едно од најболните искуства. Некои знаци повеќе од други, во животот се соочуваат со непријатни љубовни искуства.

Иако, од секое правило постои исклучок, овие луѓе се најчесто „изгорени“ во љубовните случувања.

Рак

Ракот се карактеризира со силна емотивност, па тоа честопати знае да биде пречка на патот во објективното согледување на нештата. Кога е вљубен, Ракот не знае за сопирачки. Се вложува стопроцентно и таму каде што нема оправдан основ за тоа. Тој е способен да „измисли“ цела една врска воден од својата замисла за ситуацијата со саканиот, наместо да ги препознае знаците кои укажуваат на спротивното и да ја согледа реалноста.

Вага

Иако, често е трезвена во размислувањето, Вагата знае да биде многу неразумна кога е во прашање љубовта. И покрај туѓите совети, ако намислила да освои одредена личност, оди со главата во ѕид, се додека нештата не станат сосем непоправливи. Знаат да бидат своеглави и себични и не прават компромиси во љубовта, па тоа се најчестите причини поради кои се соочуваат со прекин на врската. Знаат и да се однесуваат посесивно кон саканиот.

Риби

Рибите повеќе живеат во своите мечти, отколку во реалноста. Тоа е една од главните причина поради која Рибата има проблем во љубовните врски. Друга причина е, кршењето на веќе создадената слика за себе во туѓите очи, откако ќе се заљуби. Имено, Рибите се менуваат речиси целосно кога се вљубени, почнуваат да се водат по партнерот и прекинуваат да бидат она што биле кога го привлекле. Нештата би биле поинакви кога би ја задржале својата уникатност.