Овие работи ги имате дома, а ќе ве спасат од досадните комарци

791

Комарците се неизбежна летна „мака“, а еве неколку работи кои веројатно ги имате дома, а можат да ви ја олеснат „агонијата“ по убодите. Колку и да се обидувате да се заштитите со секакви средства, што за мачкање, прскање, така и во форма на апарати кои делуваат против комарците, сепак на крајот секогаш останувате искасани. Е, кога ќе ви се случи тоа, овие неколку работи можат да ви ја олеснат состојбата.

Паста за заби

Таа содржи киселина која има антибактериски и антивоспалителни својства и може да ја ублажи реакцијата по убодот. Едноставно нанесете тенок слој врз местото. Истовремено, на некое време ќе ги држи комарците подалеку од вас.

Аспирин

Немате потреба да го пиете, само иситнете една таблетка и помешајте го со неколку капки вода. Нанесете на делот на кожата каде што е убодот, ќе ви го ублажи чешањето.

Мраз

Мразот ќе го намали воспалението по убодот од инсектот. Ставете коцка мраз во некоја ткаенина и замотајте ја, па држете на местото околу 20 минуити, или додека не се сгтопи мразот. Не ставајте директно на кожата.

Мед

Медот одамна се користи за третирање на помали тегоби, поради антибактериското и антивоспалителното дејство. Нанесете мал слој на местото за да се намали отокот и чешањето.

Сода Бикарбона

Направете густа паста со вода, а потоа нанесете на местото на убодот, Кога ќе се исуши, избришете го со пешкир. Ќе го намали чешањето.

Оцет

Јаболковиот оцет има антивоспалително и антибактериско дејство, па не е изненадување што помага кај убодите од комарци. Направете млака купка од вода и јаболков оцет и премачкајте го местото.

Босилек

Тој содржи еугенол, кој ја ублажува иритацијата на кожата. Со ливчиња од босилек тријте го местото на убодот.

Чај од камилица

Го намалува воспалението и ја ублажува иритацијата на кожата. Потопете кесичка чај од камилица и ставете да се олади во фрижидер. Потоа исцедете ја течноста од кесичката и држете ја на местото на убодот. Истата кесичка можете да ја користите неколку пати, само да биде ладна.