На светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ, вторпат му е одбиена визата за Австралија и му се заканува депортација по одлуката на министерот за миграција Алекс Хок.

Карен Свини, судски известувач за австралискиот Асошиетед прес, вели дека има четири можни исходи по оваа одлука:

1. Ѓоковиќ да го прифати второто одбивање и да се качи во авионот и да си замине од Австралија.

2. Успешно да ја обжали одлуката на суд и да остане во Австралија и игра на Австралија опен.

3. Неуспешно да ја обжалил одлуката на суд и да се качи во авион и да си замине од земјата

4. Да победи на суд, но владата да ја обжали одлуката. Потоа ќе треба да се одлучи дали да остане или да го напушти притворот за мигранти, како и тоа дали ќе може да игра на турнирот за време на жалбената постапка.