Не се случува често аматер да го победи еден од најдобрите професионалци во спортот, но таква приказна пристигна од светот на снукерот. Светскиот вицешампион во снукер, Шон Марфи, изненадувачки испадна во првото коло од шампионатот на Обединетото Кралство, откако беше поразен со 6:5 од 19-годишниот кинески аматер Си Џиахуи.

Марфи во интервју за „Би-Би-Си“ жестоко ги нападна организаторите на турнирот, бидејќи му дозволиле на еден аматер да се натпреварува на професионален турнир.

-Ќе звучам како мрзлив старец, но тој воопшто не треба да биде на овој турнир. Тоа не е фер, тоа не е исправно. Изгубив од некој кој воопшто не треба да биде во оваа зграда, истакна Марфи.