Ова натпреварување не е фер

97
Soccer Football - Euro 2020 - Group B - Finland v Belgium - Saint Petersburg Stadium, Saint Petersburg, Russia - June 21, 2021 Belgium's Romelu Lukaku celebrates scoring their second goal with teammates Pool via REUTERS/Anatoly Maltsev

Големиот фаворит за победничкиот трофеј на ЕП 2020, репрезентацијата на Белгија в недела со Севилја ќе го одигра 1/8 финалниот дуел против бранителот на тронот, селекцијата на Португалија. И покрај трите победи во групната фаза, репрезентативците на Белгија не кријат дека не се задоволни од форматот на натпреварувањето.

Томас Вермален, 35-годишниот централен дефанзивец, јавно изјави дека не е фер што Белгија натпреварите од групната фаза ги играше во Русија и Данска.

  • За жал, на ова натпреварување има репрезентации кои сите натпревари ги играа на домашен терен. Тоа не е фер. Ние моравме постојано да патуваме, а патувањето лошо влијае врз телото. Два пати игравме во Русија и моравме да летаме три часа после натпреварот. Норамлно дека тоа не ни помогна на ова натпреварување. Мора да го прифатиме тоа, но не е фер, изјави поранешниот фудбалер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

И селекторот на Хрватска, Златко Далиќ го дели мислењето на белгискиот интернационалец.

  • За нас е голем минус што ја немаме поршката од најверните фанови, а сите знаат колку тие ни значат. Потоа, ние постојано патуваме, немаме камп како остатантите репрезентации. Ние збориме на оваа тема, но немаме алиби, ние мора да истрчаме на зелениот терен и да го дадеме максимумот. Не е фер, но не е нешто намерно направено. За нас е нешто најлошо, нивните навивачи можат да дојдат, но не и нашите, изјави Далиќ.