Ова е катастрофа, ние сме како во затвор

27

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут, даде интерву преку видео линк од својата хотлеска соба во Мелбурнво кое се пожали на екстремно лошите услови пред стартот на првиот грен слем турнир Австралија опен.

Шпанецот кој е 13. на АТП листата изјави дека тренира во затворен простор. На сугестијата од новинарот дека изгледа како да е во затвор, бидејќи е затворен во четири ѕида и пие јогурд додека разговара со него, Роберто одговори:

-Исто е како во затвор, само што тука имаме интернет.

Агут во Мелбурн во 2019 година стигна до четвртфиналето, но под вакви услови за работа, смета дека нема да биде подготвен да стигне толку далеку.

-Оивие луѓе немаат појма за тенисот, за терените, за тренинзите, не знаат ништо. Ова е целосна катастрофа кога станува збор за контрола на ситуацијата. Не се работи за тенисот во Австралија, туку за луѓето од Владата, додаде шпанскиот тенисер.

Тој опиша и како е да се тернира во четири ѕида.

-Работев тука во соба, но тоа не е исто како да работите надвор на теренот. Се чувствувам многу неубаво и не можам да замислам да бидам затворен во сба цели две недели. Навистина е многу тешко. Морам да се смирам и да работам на својата психа, па се обидувам да бидам трпелив, заврши Агут.