Во финалето на турнирот во мал фудбал во Улцињ навивачите донесоа волк во кафез!

Овој турнир се одигра во основното училиште „Маршал Тито“, а навивачите на едниот клуб имаа несекојдневен потег, па донесоа волк во кафез кој беше видно изнервиран поради големата гужва и врева, а особено во моментите кога му го креваа кафезот во воздух.

Инаку, причина за ваквата одлука е тоа што навивачите на едниот тим се нарекуваат „вукови“!