Ова веќе не е спорт во кој уживавме

74

Контроверзниот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо, збесна после неочекуваниот пораз од 3:1 во првенствената пресметка против екипата на Шефилд Јунајтед. Португалецот збесна поради ВАР-технологијата, а поразот во 32. коло најверојатно ќе се покаже како клучен кога е во прашање борбата за местата кои водат на европската клупска сцена.

Во 33 минута Хари Кејн постигна погодок за 1:1, но главниот судија Крис Кавенаги го поништи погодок после интервенцијата на ВАР. Мурињо збесна поради таквата судиска одлука, но и поради објаснувањето зошто е поништен погодок. Иако при акцијата за израмнувачкиот погодок, топката удри во рацете на Бергвајн, кој лежеше на зелениот терен и се жалеше на повреда, судијата донесе одлука да не биде признаен погодок на Кејн. Исто така, ако добро се анализира видеото од спорната ситуација, јасно ќе се види дека топката удира во грбот или во задникот на холандскиот интернационалец, а не во неговите раце.

  • ВАР ја уништи фудбалската игра. Тоа веќе не е спорт во кој се заљубивме и кој го сакавме, изјави менаџерот на „петлите“, Жозе Мурињо.

Тотенхем така остана без израмнувачкиот погодок, а домаќинот во второто полувреме постигна уште два погодока. Во самиот финиш од натпреварот, Хари Кејн најпосле постигна регуларен погодок, но истиот не беше доволен за да се остави позитивен резултат на незгодното гостување. На шест кола до крајот на актуелната сезона, Тотенхем има седум бода помалку од Манчестер Јунајтед кој е на петтата позиција која гарантира пласман на европската сцена.