Австралискиот тенисер Џон Милман, вели дека терминот од 8 јуни ќе биде „пробиен“ и тенис повеќе нема да се игра оваа година.

  • Мораме да бидеме целосно сложни пред да започне сезоната. Можеби местата каде ќе ги играме турнирите нема да имаат повеќе проблеми со вирусот, но што ако некој тенисер доаѓа од место каде пандемијата ќе биде сè уште во ек. Тогаш турнирот не смее да се одржи. Мислам дека не може да се одржи турнир на кој не може да се пријават сите тенисери или тенисерки. Тука лежи проблемот. Во овој момент не би можел да замислам како би се вратиле на терените. Ова ќе трае до крајот на годината. Сега треба сите сложно да се бориме против овој невидлив противник, вели Милман.