Објавен тендерот за изградба на резервоар за вода во Белушино

151

Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за изградба на резервоар за питка вода во селото Белушино, со што започнува реализацијата на уште еден проект во населените места.

Огласот за јавна набавка е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки .

Во населените места во општина Крушево во тек се неколку проекти: асфалтирање на пат од селото Борино до Житоше, изградба на фекална канализација во селото Норово, асфалтирање на пат до селото Саждево, доградба на цевковод во истотот село, реконструкција на пат од село Бучин до село Воѓани (општина Кривогаштани), како и изработка на проекти за изградба на канализации во населените места Алданци, Саждево, Јакреново, Пресил, Борино, Св. Митрани и Врбоец.