Објавен тендерот за изградба на пат до Крушевско Езеро

94

На Електронскиот систем за јавни набавки е објавен тендерот за изградба на патот од завршетокот на старото корзо на Гумење до Крушевско Езеро.

Според него, почетокот на активностите е предвиден за 14 август годинава, а завршувањето до 29 мај 2020 година, односно времетраењето на договорот е 244 дена.

Сите заинтересирани, своите понуди можат да ги достават најдоцна до 23 јули во 10 часот, кога и ќе се спроведе нивното јавно отворање.

Огласот за „јавна набавка на работи – изградба и уредување на патна инфраструктура во локалитет Крушевско Езеро“ е финансиран од Агенција за поддршка на земјоделството и руралниот развој.