Објавен „Реторички речник“ на Трајко Огненовски

93

„Реторички речник на поими и дефиниции“ е лексикографскиот труд на проф. д-р Трајко Огненовски, кој неодамна го објави „Македоника литера“ од Скопје.

„’Реторичкиот речник’, кој е прв ваков лексикографски труд за македонскиот јазик, е во обем од над 4.000 единици и може да се смета за капитален проект за македонскиот јазик и за македонската лексикографија. Го зафаќа стандардниот македонски јазик, македонските дијалекти, македонската фразеологија и лексиката, третирани од реторички, комуникациски и лингвистички аспект. Лексиконот навлегува во реторичката сфера на македонскиот јазик со цел да им помогне на корисниците за запознавање, и со општите и посебните реторички особености на македонскиот јазик, како и со улогата на самиот јазик во ораторството. Меѓу поглавните грижи на составувачот му беа дефинициите што ги следат поимите и термините да бидат јасни, информативни и лесно разбирливи и врз примерите за нив (сметани за неизбежни) да се употребуваат во секојдневната комуникација. При објаснувањето на термините водена е грижа да се опфати нивната вистинска и објективна важност и значење, поради што се користени бројни лингвистички трудови, учебници, лексикони, речници од домашна и странска литература“, ќе посочи издавачот.