Објавени снимки од атентатот: Почина Шинзо Абе/ВИДЕО

754
Јапонската телевизија NHK објави дека поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше застрелан утрово, починал.
Тој беше застрелан додека држеше предизборен говор. Абе бил примен во болница во тешка состојба, но и покрај напорите на лекарите, тој починал. Осомничениот е уапсен.

За потсетување, поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе бил пренесен во болница откако бил застрелан додека држел говор, јавува Ројтерс повикувајќи се на ТВ ХНК.
Властите уапсија 41-годишен осомничен за нападот. Тој е поранешен припадник на јапонската морнарица, пренесува Фуџи ТВ.

 

https://twitter.com/rednano3/status/1545271880227049473?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1545271880227049473%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.cdm.me%2Fsvijet%2Fplaneta%2Fbivsi-japanski-premijer-sinzo-abe-ranjen-u-atentatu-u-teskom-je-stanju%2F

Јапонскиот премиер Фумио Кишида претходно денеска изјави дека Шинзо Абе е во тешка состојба.
„Не знам кои се мотивите и позадината на нападот, но тоа е чин на бруталност што се случи за време на изборите – самиот темел на нашата демократија – и е апсолутно непростлив“, рече Кишида.
Сака да верува дека имало соодветно ниво на безбедност, вели, но посочува дека тоа ќе се утврди и ќе биде дел од истрагата.
Поранешниот лидер на владејачката Либерално-демократска партија беше застрелан во грб за време на посетата на градот Нара, како дел од кампањата за изборите во недела.
Абе, кој има 67 години, беше премиер од 2006 до 2007 година и повторно од 2012 до 2020 година. Тој поднесе оставка поради здравствени проблеми.