Во категоријата „Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2021 година“ – по избор на пазарни учесници и по избор на новинари – во двете категории добитник е „Алкалоид“ АД Скопје. Годинава во новинарското жири беа весникот ВЕЧЕР, Е-Магазин и Алсат телевизија.

 

Македонска берза ги објави добитниците на првите годишни награда за 2021 година. Доделени се награди во седум категории.

Во првата категорија „Акција со најголем промет во 2021 година“ во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е Комерцијална банка АД Скопје, а во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е „Македонија турист“ АД Скопје.

Во категоријата „Акција со најголем пораст на цената во 2021 година“ во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е НЛБ Банка АД Скопје, а во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е „Макстил“ АД Скопје.

Во категоријата „Акција со најголем пораст на прометот во 2021 година“ во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е „Македонски телеком“ АД Скопје, а во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е „Макстил“ АД Скопје

Четвртата категорија е „Членка на годината за 2021 година“, а добитници се „Илирика инвестмент“ АД Скопје- членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции од редовно тргување со акции и Еурохаус АД Скопје – членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции со обврзници.

Во категоријата „Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2021 година“ – по избор на пазарни учесници и по избор на новинари – во двете категории добитник е „Алкалоид“ АД Скопје. Годинава во новинарското жири беа весникот ВЕЧЕР, Е-Магазин и Алсат телевизија.

Во категоријата „Акција на годината за 2021 година по избор на јавноста“ – добитник е „Алкалоид“ АД Скопје.

И во седмата категорија „Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“ – добитник е СЕПУГС „Арсени Јовков“ Скопје. Воедно, комисијата за доделување на оваа наградата одлучи да се додели и посебна благодарница на УСАИД Северна Македонија за повеќегодишен придонес во овој домен.

Надградувајќи ја досегашната пракса на наградување на своите членки и котираните друштва, Македонската берза АД Скопје од оваа година започнува со нов концепт на доделување годишни награди во повеќе категории. На овој начин Берзата сака да им даде јавно признание на најпрепознатливите и најактивни учесници и други субјекти кои се директно или индиректно поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.

Наградите за категориите од 1 до 4 се доделуваат согласно утврдени процедури за статистичка анализа на остварениот берзански промет во тековната година. Наградите за категориите под 5 се доделуваат врз основа на добиени гласови на избрани претставници од конкретните професии. Наградата за категоријата 6, Акција на годината по избор на јавноста, се доделува согласно гласовите на пошироката инвестициска јавност врз основа на заедничка анкета на Берзата и порталот „Фактор“. Наградата за категоријата 7 ја доделува посебна комисија за избор формирана од Берзата, информираа од Македонска берза.