Објавена снимка од полскиот автобус снимен седум минути пред несреќата во Хрватска/ВИДЕО

2545

Хрватскиот портал Index.hr објави снимка од надзорните камери на клучката Брезнички Хум на автопатот А4 на која е снимен полскиот автобус, седум минути несреќата во која загинаа 12 луѓе, а 32 се повредени.

На сниката се гледа како автобусот нормално се движи по автопатот на десната коловозна лента и не може да се детектира никакво невообичаено однесување на возачот.

Седум минути подоцна, автобусот слетал од автопатот. На лице место починале 11 патници, а еден патникл починал во болница. Во стравичната несреќа повредени се 32 лица од кои 19 се во тешка состојба. Сите настрадани се  полски државјани

Полскиот автобус превезувал патници на аџилак во Меѓугорје.