Објавена продажба на седум градежни парцели за куќи во Гевгелија

84

Општина Гевгелија објави јавен повик за продажба на седум градежни парцели наменети за домување во станбени куќи, што се наоѓаат во населбите Моински Пат и Караорман. Две од парцелите со површина од 362 и 467 квадратни метри се наоѓаат во населбата Моински Пат, а останатите пет, чија површина се движи од 285 до 306 квадратни метри се во населбата Караорман. Почетната цена за која ќе се продаваат понудените парцели преку електронско јавно наддавање изнесува 61 денар за квадрат.

Електронското јавно наддавање за градежните парцели во населбата Моински Пат ќе се изврши на 1 февруари во времето од 9 до 9 и 30 часот, а за парцелите во населбата Караорман истиот ден во периодот од 10 до 12 часот.

Во последниот месец од изминатата година до општина Гевгелија, граѓаните најмногу приговори поднеле за уличното осветлување. Дури 39 барања се однесувале на отстранување дефекти на одделни улични места за осветлување, каде што интервенциите биле најчести, како и за инсталирање на нови линии. Од општината информираа дека 24 од поднесените барања биле веднаш решени, а дека останатите 15 биле отстапени на решавање од страна на надлежните општински служби.