„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата на Киро Донев „Тајни незнајни“, која содржи седумдесетина стихувани и римувани прозни текстови, поделени во четири циклуси.

“Првиот циклус, со наслов „Азбучна криенка“, е посветен на македонската азбука, при што за секоја буква од македонската кирилица има куса песна, придружена со соодветен цртеж. Во оваа т.н. букварка, најмладите читатели, преку игра на зборови и асоцијации, се поведуваат во учењето на буквите“, информираат од „Македоника литера“ .

Другите три циклуса содржат четириесетина куси раскази срочени како поезија во проза, во кои на најмладите читатели им се откриваат тајните на природата и на животинскиот свет.

– Расказите во оваа книга се раскажани со јазик и стил лесно прифатлив за децата и препознатлив за Киро Донев, учејќи ги децата што е добро и убаво и што се крие во природата и општеството, објаснуваат од издавачката куќа.

Книгата е илустрирана со седумдесетина цртежи на Мирослав Георгиевски – Миро