Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја објави книгата „Девојката Смрт“ од чешката писателка Луцие Фаулерова, во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“.

Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.

– Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, Фаулерова изјавила дека главната тема е слободата. Слободата во смисла на тоа човекот сам да го направи сопствениот избор – дали да живее или не, посочуваат од „Антолог“.

Преводот од чешки на македонски јазик е на преведувачката Маргарета Карајанова.