Објавена војна на Инстаграм:Били Ајлиш нема да им молчи на дежурните критичари

305

Светската музичка ѕвезда Били Ајлиш објави почеток на војна на Инстаграм.

Таа ќе ја води против оние кои постојано го критикуваат нејзиниот стил на облекување.

Оваа 21-годишна девојка на Инстаграм испратила „писмо“ до авторите на некои од коментарите кои понекогаш ги гледа.

Таа истакна дека „троловите“ ја критикувале дека се облекува премногу како момче, а сега и понатаму ја критикуваат – но затоа што носи повеќе „женствени“ парчиња.

Пејачката родена во Калифорнија рече дека авторите на тие коментари биле идиоти.

„Првите пет години од кариерата ги поминав како момче. И сега кога ми е доволно удобно да носам нешто женствено, се променив?! О, што се случи со неа, ова не е Били? Вие сте вистински идиоти. Можам да се облечам на двата начина, будала што се курчи. И, исто така, целосно е срамота и лудо што сакате да се изразувате поинаку во различни периоди?“ Били им возврати на критичарите.