ОБСЕ/ОДИХР испраќаат набљудувачка мисија за „избори на 5 јули“

195
ОБСЕ/ОДИХР распиша конкурс за експерти кои треба да ги следат предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на 5 јули годинава. Во соопштение објавено денеска на интернет-страницата на институцијата, се наведува дека е прифатена поканата на македонската влада за следење на изборите. Конкурсот е отворен до 16 јуни, а кандидатите треба да бидат на располагање за извршување на задачите уште од 19 јуни.

„По официјалната покана да се набљудуваат предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на 5 јули, и во согласност со својот мандат, ОДИХР се подготвува да испрати Специјална мисија за проценка на изборите“, се наведува во соопштението.