Локалитетот Хераклеа Линкестис зафаќа површина од околу 4 хектари, од кои 1300 метри квадратни се живописни мозаици кои се одлично зачувани и се меѓу најзначајните уметнички дела од тој период. Истражени се и презентирани пред посетителите голем број значајни градби како што се, портик на судница од римско време (2. век н.е.), терма и театар од ист период, како и епископска резиденција од ранохристијанското време (4. до 6. век), а од тој период се и мала и голема базилика. Меѓу значајните објекти се и градска чешма од времето на Јустинијан (562 година). Статуата на Атена Партенос, пак, е само дел од богатата ризница на локалитетот, кој во наредниот период ќе се уреди и адаптира за посетители

 

Античкиот локалитет Хераклеа Линкестис –Битола, кој од 1950 година е прогласен за споменик на културата од прва категорија со исклучително и универзално значење, ќе добие современа музејска поставка, лифт, патеки, видиковец… Овој локалитет, со финансиска поддршка на Европската унија ќе се адаптира со цел негово зачувување за следните генерации, но и зголемување на неговата пристапност и содржина, со што треба да стане локација попривлечна за посетителите.

Градот Хераклеа егзистирал повеќе од еден милениум, а бил формиран во 4. век пред н.е. од страна на Филип II Македонски како важен стратешки пункт. Во средината на 2. век пред н.е. подпаднал под римската власт, а во овој период доживеала извесен просперитет. Зафаќа површина од околу 4 хектари, од кои 1300 метри квадратни се мозаични површини. Живописните мозаици на Хераклеа се одлично зачувани и се меѓу најзначајните уметнички дела од тој период. Истражени се и презентирани пред посетителите голем број значајни градби како што се, портик на судница од римско време (2. век н.е.), терма  и театар од ист период, епископска резиденција од ранохристијанското време (4. до 6. век), а од ист период се и мала и голема базилика. Меѓу значајните објекти се и градска чешма од времето на Јустинијан (562 година). Статуата на Атена Партенос, пак, е само дел од богатата ризница на Хераклеа.

“Богатиот археолошки материјал од досегашните истражувања како репрезент на античкиот период од ова поднебје во најголема мера презентиран е во археолошката поставка на Битолскиот музеј како и во археолошката поставка во самиот локалитет Хераклеа. Во простор од околу 50 метриквадратни изложени се материјалипредмети од 1. век пред.н.е. до 6. век .н.е. Изложени се предмети од ќерамика, метал и стакло. Најзастапени се монетите, накитот, предмети за секојдневна употреба и бронзена пластика. Централно место во оваа музејска поставка зазема макетата на Римскиот театар која тродимензионално ја дава сликата на целосното истражување на театарот до неговата конзервација и ревитализација“, посочуваат од Битолскиот музеј.

Со проектот пак Smart-cul-tour кој што се спроведува во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Албанија 2014-2020, во партнерство помеѓу: Општина Битола, Општина Пустец, „Завод и музеј“ –Битола, Регионален директорат за културно наследство -Корча, Р. Албанија и Младински културен центар –Битола, локалитетот во наредните 24 месеци ќе се адаптира и унапредува за посетители.

Покрај поплочување на пешачката патека од влезот на локалитетот до Театарот, изработка на соодветни практикабли за поставување на нова сцена, зафати врз видиковецот и поставување на соларни светилки долж пешачката патека, ќе биде поставен и лифт за лица со посебни потреби. Со ова, за прв пат на оваа категорија на посетители ќе им се овозможи пристап до Театарот, каде се одржуваат голем број на културни настани, но и до Видиковецот, од каде имаат преглед врз целиот локалитет. За збогатување на комплетната туристичка понуда, ќе се изврши и осовременување на музејот и поставување на нова музејска поставка во која ќе бидат изложени поголем број на предмети, откриени при археолошките ископувања во Хераклеа, а кои посетителите досега немале можност да ги погледнат.