Обновено: Запалена трска кај Петровец, интервенирано со две противпожарни возила

117

Поради запалена трска кај каналот на потегот од Ржаничино до Таор во општина Петровец вечерва интервенираше екипа на Противпожарната бригада на Скопје. Пожарот е ставен под контрола, а на терен се интервенирало со две противпожарни возила, велат од противпожарната служба за МИА.

Како што информираат, на истата локација поради потпалена трска интервенираат секој втор ден.

Претходно објавивме видео од пожарот кое на социјалните мрежи го сподели новинарот Огнен Јанески.