Облачно со слаб до умерен ветар

32

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје денеска ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во текот на наредните денови ќе биде претежно облачно со релативно високи утрински температури. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, долж Повардарието засилен југоисточен ветер.