Облак од чад над нуклеарката во Запорожје: „На светот му се заканува катастрофа како Чернобил“/ВИДЕО

242

Русија и Украина не престануваат меѓусебно да се обвинуваат за ракетирање на нуклеарката во Запорожје, а на социјалните мрежи се гледаат снимки од најголемата електрана во Европа.

На снимките се гледа облак од чад кој доаѓа токму од нуклеарката.

Ројтерс пишува дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предложил областа до електраната да се прогласи за демилитиризарана зона.

Украинската агенција која ги управува четирите електрани во земјата, соопшти дека Запорожје е нападната пет пати и дека некои од ракетите паднале во близина на просториите во кои се чува радиоактивен отпад.

Руската агенција ТАС пишува дека официјалните лица кои ги поставила Русија, рекла дека Украина испалила ракети кон електраната и направила пречки во примопредавањето на смените.

Гутереш апелира на двете земји да прекинат да ја напаѓаат електраната.

„Тој објект не смее да се користи за воени напади. Итно мора да се постави демилитаризирана зона“, рече Гутереш.

Челниците на Украина и на Русија се обвинуваат за новата рунда гранатирање на електраната, која се наоѓа на југот на Украина.

„Од денеска електраната е во рацете на непријателот, и во рацете на необразовани стручњаци кои може да дозволат да се случи трагедија. Нормално тешко е да се замисли нивото на трагедија која ќе настапи доколку Русија ги продолжи активностите. Тоа значи дека ќе мораме да се подготвиме за секое сценарио заедно со МВР разговараме за различните сценарија“, рече министерот за внатрешни работи на Украина Денис Монастирски.

Стручњаците сметаат дека доколку се случи нешто, тогаш катастрофата може да биде од големи размери, како онаа од Чернобил.