Познати добитниците на 13. ноемвриската награда  

398

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2019 година.

Од областа на науката, добитници се Христина Спасевска и Жикица Ѓорѓиевски. Од областана културата, Дита Старова Ќерими. Од областа на уметноста наградени се: Фросина Зафировска, и Бисера Чадловска. Тринаесеттоноемвриската награда од областа на публицистиката ја добија:

Ерина Богоева и Александар Трајковски. Добитници на оваа престижна награда од областа на спортот се: карате клубот „Работнички“и борачот Алили Бесир.

Оваа награда им се доделува и на ученици и студенти, а годинава им е доделана на: Ана Марија Атанасовска, ученичка во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “и на Стефан Стојковиќ од истото училиште.

 (А.П.)