Обезбеден потписот на Хакими

100

Во следните неколку дена, мароканскиот интернационалец Ашраф Хакими и официјално ќе биде преставен како најнова милионска аквизиција на италијанскиот калчо гигант Интер. Офанзивниот бек кој е во сопственост на шпанскиот клуб Реал (М), но изминатите две сезони ги одработи како позајмен играч во дресот на Борусија од Дортмунд ќе потпише 5-годишен договор кој му гарантира годишна заработка од 5 мил. евра. „Кралскиот клуб“ ќе заработи околу 45 мил. евра од продажбата на Хакими.