Обезбеден потписот на Поро

41

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем најпосле успеа во намерата да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на португалскиот гигант Спортинг од Лисабон, Педро Поро. Британските медиуми открија дека раководните лица на двата клуба најпосле постигнале договор околу обештетувањето од 40 мил. фунти и офанзивниот бек сигурно ќе биде во комбинација за следниот првенствен дуел во Премиер лигата.