Обезбеден потписот на Милик

74

Ако им се верува на италијанските медиуми, тогаш полскиот интернационалец од редовите на Наполи, Аркадиуш Милик, во следните неколку дена и официјално ќе биде преставен како нов напаѓач на Рома. Истите медиуми тврдат дека Милик ги договорил личните побарувања, а двата клуба се на добар пат да го договорат и обештетувањето. Милик треба да биде замена за босанскиот интернационалец Един Џеко кој ќе биде продаден на Јувентус за 10 мил. евра.