Обезбедени 5.000 заштитни маски за градинките и основните училишта во Карпош

39

Општина Карпош додели 5.000 заштитни маски за повеќекратна употреба на градинките и основните училиште. Маските се наменети за воспитниот и техничкиот персонал во градинките, а во училиштата за наставниот кадар и учениците.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека дел од маските ќе бидат поделени во Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Злокуќани, во СОС Детското село, групниот дом во Козле, како и по повеќе урбани заедници.

Заштитните, повеќеслојни маски се донација од фирмата „Белгравиа Инвест“ ДООЕЛ Скопје.

Општината апелира до сите граѓани да се однесуваат одговорно, да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и задолжително да носат маски.