Обврзувачка декларација за развој на Попова Шапка  

47
Фото: vecerpress

Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“  ги повика политичките партии да потпишат обврзувачка декларација со цел во иднина како дел од власта да се посветат на развој на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка.

Сметаат дека оваа обврзувачка декларација е надеж и документ со кој партиите се заложуваат за развој на Попова Шапка.

-Нашите барање се одземање на сите компетенции на АД ЕЛЕМ Турс и да се пренесат на општина Тетово на локално ниво. Краткорочни барања се анализа на непрофесионално управување и менаџирање со досегашното раководство со ски центар Попова Шапка, инфраструктурни инвестици во рекреативниот центар и викенд населбата, отстранување на дивоградби и нелегални објекти и воведување на ДУП. Долгорочните барања се отворање на можности за давање и управување на менаџирање на центарот на приватни инвеститори, инсталација на систем за вештачки снег, прошрување на центарот на север кон  Јелак и над Боговињско бачило, да се изгради жичара Тетово-Попова Шапка, истакна Хамди Сулејмани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Претставници на три партии ставија потпис на ова иницијатива.

-Она што е граденот тука е од 1998-2001 и има едно име ДПА и Мендух Тачи. Следните 18 години ништо, сега три пати треба да ја обновиме Попова Шапка, истакна Арбен Демири, кандидат за пратеник од ДПА.

-Мислим дека од овој центар зависи економскиот развој на целиот полошки и поширокиот регион. Се најдовме себесеи во декларацијата бидејќи во нашата програма предвидуваме децентрализација и предлагаме дека ваквите центри треба да се менаџираат од локалната власт, рече Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

-Со задоволство потпишавме бидејќи нашите заложби за развој на Попова Шапка се дел од одлуката на Владата за прогласување на национален парк каде има предвидено конкретни проекти за развивање на овој центар, рече Хисен Џемаили од ДУИ.

Дел од барањата на „Да ја спасиме Попова Шапка“ е вклучување на граѓанскиот сектор за секоја одлука поврзана со центарот.