Обвинителството ќе ги провери наводите на министерот Чулев

44
Основното јавно обвинителство Скопје ќе ги провери наводите на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кои беа изнесени вчера, а се однесуваат на одржаната седница на Владата на 15-ти овој месец и на донесената одлука за поништување на негови решенија, за да утврди дали има неправилности кои би упатиле на извршено кривично дело кое се гони по службена должност.
Со таа цел, како што информираат од Обвинителствотo, надлежниот јавен обвинител поднесе барање до Владата за обезбедување на потребните податоци и писмени докази кои се однесуваат на наводите.
Извор: МИА