Обвиненија за убиството на словачкиот новинар и неговата вереница

60

Словачките власти денес обвинија четири лица за убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак и неговата вереница Мартина Куснирова во 2018 година, што предизвика протести против корупцијата на највисоко ниво и доведе до оставка на тогашниот премиер Роберт Фиц.

Портпаролката на државниот правобранител соопшти дека во врска случајот поднесени се вкупно шест обвиненија,  вклучувајќи и убиство со предумисла.

Првиот осомничен е Марјан Коцнер, претприемач со политички врски кој бил главна тема во извештајот за корупција на Кучијак, а за кој обвинителството смета дека го нарчал убиството.

Тројца осомничени, меѓу кои и Коцнер, се изјаснија за невини, додека четвртиот призна дека го застрелал Кучијак.

Младиот, 27-годишен новинар и неговата вереница беа застрелани во нивниот дом надвор од Братислава во февруари минатата година.