Британскиот боксер Ентони Џошуа неодамна загуби од Украинецот Александар Усик и остана без шампионските појаси во верзиите ИБФ, ИБО; ВБО и ВБА. Усик одработи одлична борба и сосема заслужено го совлада Џошуа, кој веднаш ја активирашеклаузулата за реванш.

За новата борба Џошуа би можел да има дополнително засилување. Тој заедно со совјот промотор Еди Херн отпатува за САД, каде што се сретна со тимот на Канело Алварез и тренерот Еди Рејнос

Рејнос од Канело изгради голем шампион. Мексиканецот е моментно светски број еден и очигледно Џошуа сака Рејнос да му помогне во подготовките за наредната борба со Украинецот Усик. Дали оваа соработка ќе вроди со плод ќе се види на реваншот меѓу Џошуа и Усик, во март или април наредната година.

Доколку Џошуа успее да го победи Усик и да си ги вратит тутулите, тогаш ќе следи спектакуларна борба со негвоиот сонародник Тајсон Фјури за апсолутен шампион во тешка категорија, бидејќи „Кралот на Циганите“ е шампион во тешка категорија во верзијата ВБЦ.

Пред две недели Фјури го одбрани шампионскиот појас во ВБЦ верзијата откако во 11. рунда на мечот во Лас Вегас го нокаутираше Американецот Дионтеј Вајлдер.