Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров се уште е страв и трепет за противничките голмани. Тој со 39 – години игра во одлична форма и не размислува за пензионирање. Леворакиот бомбардер со височина од 1.93 метри  е лидер во македонската репрезентација, а во разговор за хрватскиот портал „24 часа“ откри детали од својата богата кариера, но и од приватниот живот. Меѓу другото и дека прво играл кошарка, а дури потоа се запознал со ракометната топка иако потекнува од ракометно семејство.

-Прво тренирав кошарка, а идол ми беше Тони Кукоч и бројот седум на мојот дрес е токму заради него. Заради татко ми се префрлив на ракометарот. Тој беше врвен играч, играше за Вардар во југословенската лига. Ми беше незгодно поради него, а ниту него не му беше сеедно тој да биде ракометар, а синот да фрла топки на кош. Почнав во РК Овче Поле. Таму сум роден, таму е долга ракометна традиција, откри Лазаров, кој во хрватскиот ракометен шампион играше во периодот од 2000 – 2002, односно 2007 и 2010 година.

Лазаров зборуваше и за успесите на европскиот, македонски и регионален ракометен шампион Вардар.

Прво тренирав кошарка, а идол ми беше Тони Кукоч и бројот седум на мојот дрес е токму заради него. Заради татко ми се префрлив на ракометарот. Тој беше врвен играч, играше за Вардар во југословенската лига. Ми беше незгодно поради него, а ниту него не му беше сеедно тој да биде ракометар, а синот да фрла топки на кош, откри најдобриот македонски ракометар

-Вардар направи многу, дури повеќе од очекуваното. Најголемата заслуга оди на сметката на Сергеј Самсоненко, вложи многу и паметно, беше и многу упорен. Но, доколку се вмеша политиката ќе биде многу лошо. Вардар е институција и се надевам дека ќе биде сè во ред. На македонскиот народ му е потребен спортот, додаде најдобриот македонски ракометар.

Тој откри и дека не планира никогаш да се повлече од спортот, дури и по завршувањето на својата професионална кариера.

-Имам важечки договор со Нант за уште една сезона. Дипломирав на КИФ, запишав Мастер коуч  и мојата иднина е поврзана за спортот и ракометот, тоа е она што најдобро знам да го работа. Поставив високи амбиции и одам понатаму, заврши Лазаров.

Лазаров е рекордер со 92 гола на Светските првенства, прв во Лигата на шампионите со постигна 1000 голови, а во својата кариера играше за Веспрем, Сиудат Реал, Атлетико Мадрид и Барселона.