Младиот француски ракометен рпрезентативец  Саду Н’Танзи, ја продолжи соработката со екипата на ПСЖ. Тој стави потпис на двегодишен договор, но веднаш беше испратен на позајмица. Остатокот од сезоната ќе го одигра во редовите на Тулуз.

-Ова е нов предизвик за мене. Во Тулуз ќе го дадам најдоброто од себе и да придонесам за успегот на мојот нов тим. Едвај чекам да се сретнам со соиграчите и да дознаам што ме чека. Условите се исполнети за да продолжам со напредокот и да ја подобрам мојата игра, изјави Н’Танзи.