Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се присети на победата над Новак Ѓоковиќ. Двајцата тенисер првпат се сретнаа на мастерс турнирот во Торонто во 2018 година, а после три неизвесни сета од теренот како победник си замина младиот Грк.

Тој овој натпревар го заврши со 42 винери, направи 34 неизнудени гречки, а со одличниот сервис го оневозможи најдобриот тенисер во светот да победи.

-Не обрнував многу внимание на тоа дали играм против Новак или некој друг тенисер. Се концентрирав на својата игра и знаев дека ако прочнам премногу да размислувам дека тоа нема да биде добро за мојата игра, изајви Гркот и додаде:

-Затоа си реков на самиот себе: Продолжи да го правиш тоа што го правиш. Ти оди многу добро и навистина успеав да победам.

Во меѓувфреме младиот грчки тенисер забележа уште една победа против Новак (Шангај2019), но претрпе и три порази (Мадрид 2019, Париз 2019 и Дубаи 2020)

-Кога победив не можев да поверувам што ми се случи. Тоа е една од најдобрите победи што сум ги забележал во мојата професионална кариера, заврши Циципас