Младите тенисери имаат шанси во дуелите со Србинот Новак Ѓоковиќ, Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роже Федерер, смета францускиот тениски стручњак Партик Муратоглу.

После финалето на САД Опен, во кое Русинот Данил Медведев го намачи Рафаел Надал, но не успеа да победи, повторно се зборуваше дека некој од младите наскоро ќе ја прекине доминацијата на Србинот, Шпанецот и Швајцарецот.

-Тие се најдобрите тенисери на сите времиња, така што воопшто не е лесно. Луѓето велеат дека младите играчи немаат шанса против нив, но тоа не е вистина. Големата тројка не е непобедлива. Но за да се осови голема титула, мора да ги совладате сите тројца или бар двајца од нив. Тоа е најтешко. Новата генерација не е далеку од тоа, но се чини дека никој не е спремен да ги победи во континуитет, изјави Муратоглу.

Годинава по две грен слем титули осоција Новак Ѓоковиќ (Австралија опен и Вимблдон) и Рафаел Надал (Ролан Гарос и САД Опен)